Во согласност со залагањата на Детската амбасада МЕЃАШИ за постојано градење безбедна и сигурна средина, насочена кон потенцијалите и можностите за секое дете, како и следење и примена на трендови кои се поврзани со нашата цел, имаме можност за првпат на национално ниво да го одбележиме „Меѓународниот ден за побезбеден интернет”. По тој повод Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ организира настан преку кој на национално ниво ќе се започне со развој и подигање на свеста за безбедноста на децата во дигиталниот простор.
Би ни било чест и задоволство да ве поканиме да земете учество на настанот за одбележување на “Меѓународниот ден за побезбеден интернет”. Истиот ќе се одржи на 11.02.2025 со почеток од 12ч. во просториите на Кинотека на Македонија – Скопје, за заедно да почнеме да создаваме заедница во која ќе можат децата, младите и учениците да бидат безбедни во користење на интернет ресурсите и можностите кои произлегуваат од истиот.
Важноста на одбележувањето на „Меѓународниот ден за побезбеден интернет” е настан на кој ќе се прикажат и дискутираат опасностите и ризиците во дигиталниот простор. Овогодинешниот слоган е: Заедно за побезбеден интернет! На настанот ќе присуствуваат ученици, деца, млади како и претставници на воспитно образовниот кадар и стручни служби од училиштата. Во рамки на дискусијата, свој увид ќе дадат и претставници од надлежните институции.

Category
📚
Learning