Младите минуваат на телефон колку работник со работно време
11.02.2025 15:32
Листаат, пишуваат и седат со часови. Младите минуваат време на мобилен телефон колку работник кој работи со полно работно време. Инстаграм, Фејсбук, ТикТок земаат се поголем замав во секојдневието, младите заробени во социјалните мрежи. Изложени се, велат, на секаква содржина, особено на она што им го сервираат инфлуенсерите или т.н. влијателни личности.
Во основните училишта се забранува, дел, пак, од средните, мобилните телефони ги користат за подинамична и интерактивна настава. Некои од професорите сметаат дека, иако книгите се она од кое што се добива знаењето, сепак, треба да се биде и во чекор со времето.
„Ние на часовите користиме повеќе интернет алатки на кои гледаме присуството на телефоните да го искористиме во корист на истражување, во корист на некоја интерактивна игра. Дали се тоа квизови каде што ќе можеме да ги анимираме и во исто време преку игрите да научат нешто ново“, вели Емилија Јакимовска професорка во средно техничко училиште во Куманово.
„Од многу области читаат и така некако успеваме уште повеќе да биде поинтересен часот за сите, не само за учениците и за нас“, вели Анкица Бојковска, професорка во гимназијата „Гоце Делчев“ во Куманово.
Во детската амбасада „Меѓаши“ секојдневно пристигнуваат повици за помош, како за нарушено емоционално здравје, така и повеќе стрес, страв, анксиозност, но и тага кои се присутни кај децата.
„Спаѓаат, секако, и оние повици каде што имаме и сајбер булинг или насилство на интернет. Она што би сакале да напоменеме е дека во суштина она насилство кое што се случува во рамки на училиштата или на улица или било каде понатаму се пренасочува на интернетот, така да и децата жртви што се жртви во реалниот свет, понатаму почнуваат да стануваат и жртви во виртуелниот свет“, вели Климентина Добревска од Детска амбасада „Меѓаши“.
„Денеска за првпат имаме можност заедно да почнеме да ја развиваме совеста и влијанието како ние сакаме да го изградиме тој дигитален простор за нас, да биде побезбеден за нас“, вели Дамјан Николовски од Детска амбасада „Меѓаши“.
Детската амбасада „Меѓаши“ денеска го одбележа „Меѓународниот ден за побезбеден интернет“. Важноста за одбележувањето на настанот е да се прикажат и дискутираат опасностите и ризиците во дигиталниот простор. Овогодинешниот слоган е: Заедно за побезбеден интернет.
Симона Петровска

Category
📚
Learning